ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лице на (42) години од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед на улица „Тане Цалески“ во Кичево, полициските службеници од криминалистичката полиција кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.











