Кон секој проблем пристапуваме сериозно и студиозно работиме на пронаоѓање решение. Не правиме импровизација туку носиме долготрајни решенија.
Во денешната моја посета на ЈП “Градски гробишта” ми беше презентиран проектот кој започнува за скоро, а тоа е изградба на атмосферска канализација, по што следува и целосно асфалтирање на градските гробишта. Тоа што долго време е проблем тука сега се решава трајно.
Исто така ЈП „Градски гробишта“ изврши набавка на неопходни градежни возила и машини за непречено функционирање и подобрување на условите. Набавени се товарно возило кипер, мултифункционален трактор со приколица и приклучна механизација која ќе може да се употребува и за чистење снег, вибро жаба, генератор за струја, вибро плоча, додека пак во јули 2024 година се набави уште едно товарно возило. Вкупната вредност на оваа набавка изнесува околу 3 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.
Набавка од ваков обем во ова јавно прептријатие не е извршена во изминатите 30 години.











