АктуелноОхрид

(ФОТО) Осветен храмот Вознесение Христово во село Трпејца

На ден 08.09.2025 година, на празникот на Светите Адријан и Наталија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.Георгиј, го освети храмот Вознесение Христово во селото Трпејца, во местото викано Трпејчко поле – Глајшо. Откако отслужи Литургија во новоосветениот храм, Митрополитот им додели благодарници на помагателите, а г. Ацо Таламаноски, кој е најзаслужен за изградбата на овој храм, беше одликуван со Орден Свети Наум Охридски од втор ред.