На моја голема радост и гордост, денеска, во пресрет на 8-ми Септември-Денот на независноста на нашата татковина, сведоци сме овој важен момент за инфраструктурниот развој на овој регион, а тоа е пуштањето во употреба на уште еден дел од автопатската делница Кичево-Охрид.
Со овој симболичен настан сакаме да испратиме јасна порака дека преку конкретни дела ја градиме иднината на Македонија.
Делот од делницата што го пуштаме во употреба денес е уште еден чекор напред и мотив да продолжиме со уште поголема решителност и одговорност кон конечната цел, а тоа е воспоставување на сообраќај по целокупната должина на автопатската делница.
Почитувани, 8-ми септември не е само историски датум, тој е наша обврска, да градиме држава која ќе обезбеди подобар живот за своите граѓани. Со вакви дела ја исполнуваме таа обврска и создаваме подобри услови за нас и за новите генерации кои доаѓаат.
Посакувам, секој нов километар асфалт поставен тука да донесе развој, поврзаност и просперитет за целиот Југозападен регион. Посакувам сите заедно да бидеме сведоци на уште многу успешни инфраструктурни проекти во иднина!
Нека е честит и вековит утрешниот празник, нека е вечна Македонија.












