Со Света Божествена Литургија која ја отслужи Архимандритот Агатон во манастирот Свети Антониј Велики и Свети вмч. Георгиј Победоносец во Ново Село, а во молитвено присуство на учесниците започна вториот ден на научната конференција „Балкански монашки светови“.
Во работниот дел се одржаа три работни сесии.
На првата сесија претседаваа Епископот Хераклејски Климент и проф. д-р Србољуб Убипариповиќ. Со свои излагања се претставија Митрополитот крушевачки проф. д-р Давид на тема „Умно- срдечна молитва“. Митрополитот дебарско- кичевски проф. д-р Георгиј зборуваше на тема „Молитвата како подвиг: Аскетската димензија во делата на Свети Климент Охридски“. Првата сесија ја затвори протопрезвитер- ставрофор проф. д-р Владимир Вукашиновиќ кој имаше излагање за „Литургиската реформа на патрихархот Филотеј Кокинос и исихастичкото движење во Србија во втората половина на 14 век“.
Викарниот епископ Стобиски г. Јаков и протоѓакон проф. д-р Златко Матиќ претседаваа со втората сесија на кое протопрезвитерот проф. д-р Зоран Ранковиќ и презвитерот доц. д-р Драган Каран зборуваа на тема „Значењето на исихазмот за современата пастирска служба“.
Сесијата продолжи со излагањето на Епископот хераклејски м-р Климент на тема „Траги на исихазмот во натписите на зрзеските свитоци од 14 век“, а сесијата заврши со трудот на Епископот моравички д-р Тихон, „Отечкото богословие во Студеничкиот типик- идентификација и анализа на патристичките извори“.
Со последната сесија претседаваа Митрополитот Дебарско- кичевски проф. д-р Георгиј и проф. д-р Зоран Ранковиќ.
Свое излагање имаше викарниот Епископ Стобиски г. Јаков кој зборуваше за „Подвигот на трезвеноумие како восход до боговидение во богословската мисла на старец Емилијан Симонопетриски.
Протоѓаконот проф. д-р Златко Матиќ имаше предавање на тема „Богословските претпоставки на христијанскиот етос во опусот на Григориј Палама: посебен осврт на Декалог по Христа.
На тема „Глави за искушенијата и неволните жалости и користа од нив- аскетската теологија на архиепископот Лав Охридски“ зборуваше доц. д-р Виктор Недески, а денешниот работен ден заврши со трудот на Архимандрит Данило: Женското монаштво на Балканот од 13 до 17 век- анализа на словенските ракописни извори“.











