АктуелноОхрид

TППЕ Охрид учествуваше во гасењето на подметнат пожар кај с. Злести и с. Белчишта

ТППЕ Охрид – Пожарна во текот на денешниот ден учествуваше во гаснење на подметнат пожар во с.Злести – с.Белчишта Општина Дебрца , кои поради силината на ветерот набргу се прошири во блиската шума , а воедно беа загрозени и објекти.
👉 ТППЕ Охрид со три противпожарни возила со 11 пожарникари , сезонски пожарникари , Волонтери Ентузијаст – Дебрца , шумско стопанство , месно население … за брз временски период го стави пожарот под контрола.
👉 И покрај тоа што се инсистираше од повеќе страни за поддршка од воздух, нашите тимови од лице место направија добра проценка и одлучија дека нема потреба да се трошат дополнителни ресурси…