АктуелноОхрид

(ФОТО) Петти Меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен 2025“ на отворениот пливачки базен „Атина Бојаџи“

Петти Меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен 2025“ на отворениот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во организација на Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид со поддршка на Општина Охрид.
Во базенот секој метар е борба со времето, со себе, со границите што вчера изгледаа недостижни. Но токму тука, во тие води, се раѓаат шампиони.
Зад секој успех стои тренер кој верувал, организатор кој вложил и спортист кој одбрал да не се откаже.
Запомнете може резултатите ќе избледат, но карактерот што го градите низ овие предизвици ќе ве води цел живот.
Пливајте храбро, водете со срце и организирајте со визија.
Над 220 пливачи од 25 клубови од Македонија и странство натпреварувајки се во 9 пливачки дисциплини и 5 возрасни категории и освојувајќи 246 медали и 12 пехари.