АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков присуствуваше на македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ во општина Пустец

Во Општина Пустец, денес, се одржа Македонскиот фолклорен фестивал ,,Преспа”. Овој фестивал ги обединува фолклорните друштва од регионот, но и љубителите на македонските песни и ора. На фестивалот учество зедоа и фолклорни друштва од Охрид.
Учесниците преку богатата програма ја пренесоа убавината на нашето наследство. Честитки до сите учесници и организатори, напиша во својата објава градоначалникот.