АктуелноОхрид

Приведен млад скопјанец кој на Партизанска управувал возило со 1,78 промили алкохол во крвта

Денеска (20.07.) во 01,40 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Единицата за брзо распоредување при МВР, од слобода лишија(21) годишно лице од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки што, тој го управувал и при извршено алкотестирање, констатирално е дека имал 1,78 промили алкохол во крвта. Лицето веднаш е исклучено од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.