ohПотпишани се договорите за реализација на важни инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа.
Со ова го продолжуваме процесот за обезбедување на подобри услови за живеење во сите урбани и рурални средини. Инвестициите во комуналниот развој се нашиот најважен приоритет и затоа продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на граѓаните, информира градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Тој додава дека стартува процесот на реализација на следните проекти:
• Изградба на Катна гаража во Општина Охрид
• Реконструкција на линиски инфраструктурен објект кој ги поврзува село Велгошти со село Лескоец
• Реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница улица „Јане Сандански“ со „Питу Гули“ до пресек со булевар „Туристичка“.
• Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „7-ми Ноември од кружна крстосница „Охридска Банка“ до пресек со улица „Егејска“
• Реконструкција на линиски инфраструктурен објект населба „Бараки“
• Реконструкција на потег дел од улица „Петрино“ до пресек со улица „Караорман“ село Лескоец
• Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од кеј „Македонија“
• Реконструкција на линиски инфраструктурен објект локален пат за село Завој
• Реконструкција на линиски инфраструктурен објект улица во село Долно Лакочереј крак 2
• Проект за линиски инфраструктурен објект локален пат од село Лескоец до село Долно Лакочереј
• Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за постоечки локален пат од камп „Љубаништа“ до главен пат
• Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од улица Кленоец и дел од улица „Петрино“.
• Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“, населба „Охридати“. (Крај)
извор: ОхридПрес ohrid












