‼️Повторно исчистени мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан‼️

ℹ️На ден 04.07.2025 год. спроведовме широко-опфатна акција за расчистување на диви депонии во населбите Воска и Даљан, каде се подигнати енормни количини кабаст и зелен отпад и градежен шут
❗По 10 дена сликите исти, како да не е интервенирано, повторно несовесни граѓани се ослободуваат од непотребниот отпад од домаќинствата каде ќе стигнат, деградирајќи ги јавните површини кои треба да им служат на сите граѓани

🚜Во денешната акција со ангажирање на две специјални возила се подигнати 36 м3 кабаст и друд вид отпад од населбите Воска и Даљан
🤝Залудни се напорите на нашите служби за поубаво и почисто место за живеење доколку не постои одговорност кај граѓаните; Само со взаемна соработка можеме да создадеме чиста и здрава околина












