АктуелноОхрид

Од денеска во сообраќај се пушта делницата од Врбјани до Охрид од автопатот Охрид-Кичево

Делницата е со должина од околу 40 километри и ќе има прекин кај селото Ботун. Според најавите од неговиот кабинет, претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на овој дел од автопатот Кичево-Охрид.

Автопатот е дел од западниот дел од коридорот 8 на кој работи и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Се работи на делницата Тетово-Гостивар и на Гостивар-Букојчани каде што изведувачот интензивно работи следејќи ја динамиката што ја наметна ЈПДП со решавање на експропријацијата на земјиштето.

За комплетирање на коридорот 8 од Скопје до Охрид потребно е да се доигради автопатот од Кичево до Врбјани, но и делницата „Букојчани-Кичево и во моментов тече јавен повик за избор на изведувач. За делницата Требеништа-Ќафасан, според најавите, ќе се ревидира трасата со оглед дека постојниот проект го загрозува заштитениот статус на Охридско Езеро и на регионот.