На плажата „Горица 3“ утрово беше вратена пристапната рампа, за лицата со инвалидитет да имаат полесен пристап до езерските води.
ЈП „Охридски Комуналец“ ги поставува рапките за време на летната сезона, а по завршувањето истите се отстрануваат.
Пристапните рампи се донација на НВО „СОС Балкан медиа“ и компанијата „Отпад“, а од локалната самоуправа повикуваат примерот за поддршка на лицата со посебни потреби да го следат и останатите фирми од градот.
ohridpress.com.mk