На 01.07.2025 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од лице на (44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот откако патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од лице на (60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.