АктуелноОхрид

Ученичката Елмедина Заче, првенец на генерација во ОУ „Братство Единство“

Со особена чест и восхит ја претставуваме Елмедина Заче како првенец на генерацијата. Во текот на своето образование, Елмедина постојано се издвојуваше со својата посветеност, знаење и натпросечни резултати. Таа покажа исклучителен успех не само во редовната настава, туку и во областа на природните науки, математика и физика, каде што со своите знаења и умешност освои бројни награди на регионални и државни натпревари.
Нејзината љубопитност, истрајност и желба за учење беа инспирација за сите нејзини соученици и наставници. Покрај академските успеси, Елмедина беше и активен учесник во многу воннаставни активности, со исклучителен придонес во училиштната заедница.
На Елмедина искрено ѝ честитаме за ова заслужено признание. ѝ посакуваме уште многу успеси на патот пред неа и веруваме дека нејзината иднина е блескава.