Како советник во Општина Охрид, со гордост го одбележувам денот на мојот народ – ден на истрајност, достоинство и отпор.
Овој ден не е само симбол. Тој е порака – дека Балканските Египќани заслужуваат видливост, еднакви можности и глас што се слуша. Нашата борба не е за милост, туку за правда. Затоа, мојата заложба е институционална, конкретна и непоколеблива.
На мојот народ му порачувам:
Не молчи. Не се откажувај. Не дозволувај да те претворат во сенка.
Ти си историја, но и иднина. А иднината започнува сега.
Честит да ни е 24 Јуни – Денот на Балканските Египќани!
Да биде признат, почитуван и институционално вграден.











