АктуелноИздвојувамеИнтервјуаМагазинОхрид

Новата ера на туризмот почнува со дигитална трансформација – DMC Balkans го најавува своето најиновативно вложување досега

Компанијата ДМЦ БАЛКАНС започна со имплементација на нов систем за резервации на целокупната понуда во туризмот на глобално ниво кој ќе работи со помош на Вештачка интелигенција и ќе нуди интегрирана понуда од целокупната понуда која постои на интернет глобално, притоа давајќи ви можност за кратко  време, системот да пребара се за вас и да ви даде предлог сместување, билет за авион, воз, брод или изнајмување возило според вашето барање. Сисетмот изминатите седмици во пракса се тестираше во земјите на ЕУ , а како главен таргет ќе биде Азија, каде ќе се користи од најголемите туристички агенции , но може да го користи секој еден жител на светот, и секоја фирма и лице од Македонија. Ова во интервју за порталот Patuvanja.mk   го најавува Филип Стефаноски, сопственик на ДМЦ БАЛКАНС од Охрид.

Вашата компанија „ ДМЦ Балканс Травел “веќе е позната како водечки DMC играч во регионот. Што ново најавувате денес?

Филип Стефаноски: Благодарам. Со гордост можам да кажам дека влегуваме во нова етапа – дигитална трансформација која ќе ја смени играта во туризмот. Го лансираме нашето ново АИ-поддржано решение кое целосно ќе е револуционерно за начинот на кој се резервираат патувања. Ова не е само нов софтвер – ова е нов начин на размислување и пребарување пред да се одлучите каде ќе се сместите, од каде ќе земете рентакар возило, да купите авио билет или билет за брод, воз, автобус.

Рим. Фото: Patuvanja.mk

Што точно значи тоа за вашите клиенти и партнери?

„Тоа значи брзина, флексибилност и самостојност. Нашите B2B и B2C клиенти сега ќе можат сами да креираат и резервираат целосни патувања – од авионски билети, сместување, трансфери, до водичи и пакети – сето тоа со само неколку клика. Системот е поддржан од вештачка интелигенција која нуди персонализирани решенија, според буџет, стил и потреби. Да објаснам попрецизно. Сигурно се забележале дека технолошките гиганти како Гугл или Фејсбук знаат точно какви реклами да ви пласираат ? Тоа е затоа што работат со вештачка интелигенција која знае за Вас повеќе од вие самите. Системот кој го имплементираме ќе го прави истото, само што ќе ви нуди одреден избор од се што се нуди на интернет, за тоа што Вам ви треба. Пример ако барате сместување во Мадрид, системот ќе ви даде пример, најевтина понуда од сите платформи на интернет, без да барате на сите платформи. Тој ќе ја извлече нај евтината и ќе ви ја претстави. Или ако барате најлуксузна опција, може да го направи истото, да ви предложи листа луксузни хотели кои имаат максимална понуда во бараната дестинација.“

Која е визијата зад оваа инвестиција?

„Сакав да им дадеме моќ на патниците и агенциите да креираат, а не само да избираат. Визија ми беше да изградиме дигитална платформа што работи за клиентот, без да ја изгубиме нашата лична услуга, што нè прави посебни. Ова е чекор напред не само за нашата компанија, туку и за целиот регион.“

Кога ќе биде достапен системот?

„Веќе е во фаза на активна интеграција. Наскоро ќе биде достапен за нашите партнери низ цела Европа, Азија и Блискиот Исток. Очекуваме ова да донесе значаен раст и автоматизација на резервациите, што ќе ни овозможи уште поголем фокус на креативност и искуства.“

Какви се плановите за ДМЦ Балканс за претстојниот период. Дали има и дурги новитети освен системот ?

Продолжуваме да се шириме и во следниот период. Наскоро отвараме агенции во Љубљана и Дубаи, со што ќе ја заокружиме нашата мрежа која ја имаме со нашите претставништва во Тајпеј, Манила и Куала Лупур кои се активни.

Последно прашање – што е вашата порака до туристичката индустрија?

„ Инвестирајте во иднината. Бидете храбри. Не чекајте промената – вие бидете промената. Туризмот не е веќе само дестинација – тоа е технологија, интелигенција, и искуство. DMC Balkans е подготвен за иднината.“

Извор : Patuvanja.mk