АктуелноОхрид

Екипите на “Нискоградба” брзо и ефикасно ги санираа штетите од поројните дождови во Охрид

Екипите на ЈП Нискоградба Охрид брзо и ефикасно ги санираа штетите од поројните дождови во Охрид.

Попладневните поројни дождови кои денеска го зафатија Охрид предизвикаа низа дефекти на атмосферската канализација на повеќе локации низ градот. Благодарение на брзата и ефикасна реакција на екипите на Јавното претпријатие Нискоградба Охрид состојбата е нормализирана и ставена во контрола.
Веднаш по добивањето на пријавите за настанатите дефекти, екипите навремено излегоа на терен и пристапија кон санирање на последиците од невремето.

Нашите екипи и во текот на ноќта ќе бидат активни на терен и за ново настанати дефекти со атмосферската и фекалната канализација обратете се на телефонскиот број 075286629 (Јане).

Во врска со неодамнешното соопштение исполнето со лаги и невистини на политичката партија СДСМ Охрид во кое се клевети директорот Александар Трпеноски за трошење на народни пари, би сакале да ја известиме јавноста дека од неговото назначување за директор пред четири години до ден денес се потрошени 0 денари трошоци за службени патувања во странство.