На 19.06.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид, пред ул.„Кеј Македонија“, во водите на Охридското Езеро бил пронајден лице (74) од Англија, кој не давал знаци на живот.
Лицето било извадено на кејот, а од екипа на Итна медицинска била констатирана смрт без видливи траги на насилство.
Увид извршила увидна екипа на СВР Охрид и по наредба на јавен обвинител телото на починатито било дадено на обдукција.












