На 19.06.2025 година во 22.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (22) годишно лице од селото Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците (44) годишно лице од Охрид и (52) годишно од Скопје. Од здобиените повреди жената од Скопје починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобило и другото лице, додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник (19) годишно лице, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, лицето коие го управувало автомобилот е лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по член 300 став 2 од Кривичниот законик.












