На 17.06.2025 околу 16.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул. „Владо Малески“ на мост на поезијата во Струга бил нарушен јавиот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две 16-годишни девојки од Враништа и Вевчани, по што дошло уште едно женско лице од Вевчани и физички ја нападнала девојката од Враништа.
Подоцна една од девојките била приведена во полициска станица и со неа бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.