АктуелноОхрид

Четврт хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025

На 8.06.2025 година во кругот на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи Четвртиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025, покровител на настанот е ОСМТХ Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид.

Се повикуваат сите деца на возраст од 9 до 13 години да се пријават, без никаков надомест да играат, да се забавуваат во духот на хуманоста.

Организаторите ги повикуваат и сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси, хуманитарно да се приклучат на иницијативата, која ќе допринесе до подобрување на условите на деца со попреченост и аутистични деца.

„Oва е четврт хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025 год., кој прераснува во една убава традиција, турнирот ќе биде одлична можност за децата од Охрид и регионот, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух“, информираат организаторите.

На турнирот ќе настапуваат деца од три категории и тоа:

1. Прва категорија (деца родени 2016 и помали)

2. Втора категорија (деца родени 2014-2015)

3. Трета категорија (деца родени 2012-2013)

Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3(тројца), можат да учествуваат машки и женски екипи или екипи со мешан состав, без никаков надомест. Пријавувањето на екипите може да се врши на следниот телефонски број: 075/777-776

Сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели и традиционално во Центарот за аутизам во Охрид.

Имено, за најуспешните три екипи обезбедени се вредни награди од страна на главниот покровител на настанот, додека секој учесник добива маичка.

Ова е настан кој дефинитивно не смее да се пропушти! Пријавувањето е во тек!