АктуелноОхрид

Митко Савев избран за првенец на генерација на охридската гимназија

Како што традиционално се избира првенец на генерацијата која го завршува своето образование во нашето училиште, така и оваа година, според однапред утврдени критериуми, за првенец на генерацијата е избран Митко Савев, ученик во IV-5.

Помеѓу трите најдобри ученици на генерацијата, покрај првенецот, се и Софија Милевска од IV-7 и Теодора Трајческа од IV-4.

Им честитаме и сме бескрајно горди на ваквите ученици за кои сме сигурни дека ги чека светла иднина.

Браво Митко, браво Софија и Теодора.