На 31.05.2025 година во 22,20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид, товарно моторно возило „Нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од (51) годишен жител од Охрид удил во моторцикл, „Хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од (19) годишно лице, од Охрид.Притоа, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди,констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи.











