АктуелноОхрид

(ФОТО) Паркови и зеленило и покрај променливото врнежливо време на терен во извршување на своите работни активности

Покрај редовните секојдневни обврски за косење и одржување на зелените површини во градски парк и ул.,,Булевар Туристичка”, се реализираа активности за уредување на бујната вегетација во с. Рача, с. Пештани, населба Христо Узунов, ул. 8-ми Септември и ул.АСНОМ
🌳Покрај пешачката патека од канал Студенчишта до Горица се засадија дрвја на места каде имаше потреба
🏵️Редовно се спроведуваат активности за уредување на цветните и зелените површини покрај дрворедите на ул. Македонски Просветители, Димитар Влахов и Булевар Туристичка