АктуелноОхрид

Попладнево без вода неколку улици низ Охрид поради интервенција на водоводната мрежа

Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 15:30 часот , неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Славеј Планина“, „Спас Банџов“, „Димитар Влахов“, „Партизанска„ Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Кеј Македонија“ , “Гоце Делчев” вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан, информираат од ЈП Водовод Охрид.