АктуелноОхрид

Приведен албански државјанин во Струга – под дејство на алкохол недолично се однесувал на улица

На 13.05.2025 во  22.45 часот, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа албанскиот државјанин Р.Л.(28), кој под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување на улицата „Партизанска“, а потоа и кон вработени во Медицинскиот центар во Струга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.