АктуелноОхрид

Лишен од слобода охриѓанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 14.05.2025 во 02.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода  лице на (44) од Охрид. При сообраќајна контрола на магистрален пат Тетово – Гостивар, кај наплатна станица Тетово, било сопрено патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал  лице , и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.54 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.