АктуелноОхрид

Голем број активности за одржување на јавната чистота на ЈП „Охридски Комуналец“

Изминатиов викенд се приклучивме на акцијата ,,Генералка Викенд” каде се чистеше потегот од плажа после х.Метропол до нас. Лагадин, просторот околу Горна Порта и плажа Грашница. На овој начин заедно со сите активисти, правни субјекти и граѓански организации вклучени во акцијата, дадовме пример дека сите заедно сме одговорни за подигнување на еколошката свест за поубава животна средина која не’ опкружува
✔️Секојдневно се спроведуваат активности за чистење на крајбрежниот појас кај Сараиште и потегот од градско пристаниште до Холандски Парк
💦Согласно Програмата за јавна чистота за 2025 год. после 22 часот се врши машинско миење на коловозите и другите јавни површини
✔️Се реализира генерално чистење на ул. Железничка (метење, отстранување расфрлан ситен комунален отпад и отстранување ниска вегетација) и
косење во Стар Град и Скејт-Парк