АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Жителите од село Вапила апелираат за зачувување на животната средина

Жално е што сè почесто сведочиме на вакви ситуации во нашето село Вапила. Има неверојатно убава и тивка природа, место што треба да биде зачувано, а не уништено. Има луѓе со недостаток на свест, совест и контрола, пишува во нивната објава на ФБ.

Од видеото се гледа како градежен шут се депонира во чистата вапилска природа. Снимени се камиони како нелегално фрлаат отпад во природата.