АктуелноОхрид

ИЗМЕНИ во КАЛЕНДАРОТ за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција за 2025 год.

Поради зголемениот обем на активности и ангажираност на специјалната механизација за подигнување отпад пред туристичката сезона, Ј.П.,,Охридски Комуналец” направи измени во годишниот календар за 2025 год. за подигнување на отпад од пластика и хартија од кантите за селекција
ℹ️Наместо постоечката динамика каде акциите за подигнување отпад од пластика и хартија се реализираа секоја втора сабота во месецот, почнувајќи од 09.05.2025 год. (петок) ќе се реализираат секој втор петок во месецот (доколку петокот е неработен, акцијата ќе се реализира во четврток)
♻️Ј.П.,,Охридски Kомуналец” на наведените датуми ќе врши подигнување на отпад од пластика ( жолти садови) и хартија и картон ( сини садови) од кантите за селекција за 2025 година и тоа од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март”: