АктуелноОхрид

30 дневен притвор за 72 годишен жител од Кичево за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против (72) годишен жител  од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола“. Пријавевениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево. По насоки на јавен обвинител, лицето е лишено од слобода, а со малолетничката, по извршен медицински преглед, извршен е разговор во присуство на член на нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници. Од страна на судија на претходна постапка, на лицето  му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.