АктуелноОхрид

Утре во Охридската Гимназија ќе се одржи културолошка манифестација „Да живееме едни со други, а не едни покрај други„

Утре вторник, на 29.04.2025, во 12.00 часот, во Гимназијата Св. Климент Охридски ќе се одржи културолошка манифестација „Да живееме едни со други, а не едни покрај други„

„Ве покануваме на настан на кој покрај запознавање со разноликоста на културите во нашата земја ќе имате одлична можност да се запознаете и со работата на нашата Гимназија.
Нашите ученици и професори ве очекуваат на една прекрасна дружба“, велат од Охридската Гимназија.