Најдобрите членови на Македонската традиционална таеквондо репрезентација (МТТФ) од 28-ми април до 4-ти мај 2025 година ќе учествува на Европското првенство кое ќе се одржи во Талин Естонија.
Во Талин заминаа десет членови од кои три официјални лица и шест натпреварувачи. Боите на нашата држава ќе ги бранат, Христијана Парулеска која изминатата година беше причина за општа радост на охриѓани, Давид Крстески, Божидар Димитриевиќ, Миа Танеска, Владимир Димитриевиќ и Марио Крстески. Во составот се и Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и национален тренер, Зоран Парулески, потпретседател, Даниел Крстески, претседател на дисциплинска комисија и Давид Велковски, меѓународен лиценциран судија.
– Ја посетив Македонската репрезентација во традиционално таеквондо која заминува на Европско натпреварување. Им посакав среќа и изразив желба повторно да се вратат со одличја и да не израдуваат. Нека биде уште едно успешно натпреварување, им порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, од кого спортистите добија додатна мотивација за претставување на боите на нашата држава. (Крај)
извор: ОхридПрес
