АктуелноОхрид

Одделни пожари во две патнички возила на територијата на Охрид

На 25.04.2025 во 14.20 часот, на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“ во Охрид настанал пожар во паркирано возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на  лице на (31)г  од Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Истиот ден во 22.17 часот, на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид настанал пожар во патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на лице на (62) од Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.