Отсекот за превенција при СВР Охрид деновиве спроведува превентивно – едукативни активности со цел заштита на граѓаните и туристите, кои престојуваат во Охрид, од сторители на кражби, џеПни кражби и други имотни деликти. Полициски службеници од Отсекот за превенција на повеќе локации во градот остваруваат кратки средби со граѓаните и туристите и ги посетуваат туристичките комплекси и низ кратки разговори ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат, да не ги оставаат необезбедени со што стануваат лесно достапни до сторителите и се предмет на кражби и џепни кражби.
Исто така, им се укажува на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти. На граѓаните и туристите им се делат летоци со едукативни содржина и со практични совети со цел поефикасна заштита на нивните вредни предмети и друга лична сопственост, како и за зголемување на безбедносната култура. Оваа проектна активност е во рамките на концептот „Полициско работење во заедницата“, кое подразбира градење посилен партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните во спречување, намалување, откривање и решавање на безбедносните проблеми и предизвици.
