АктуелноОхрид

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

На 24.04.2025 во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничко возило удрил во  (59) годишен пешак од Охрид и го напуштило местото. Пешакот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од (24) годишен жител од Охрид. По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот.

По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.