АктуелноОхрид

Кај 44 годишен стружанец полицијата пронашла и одзела пневматска пушка марка „Гамо“

На 12.04.2025 година, полициски службеници од ОВР Струга, по претходна судска наредба, извршија претрес во домот на (44) годишно лице од Струга. Притоа, пронајдена е, и поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје, одземена е една пневматска пушка марка „Гамо“. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.