АктуелноОхрид

СВР поднесе кривична пријава за Кичевчанецот кој полово вознемирувал малолетнички во Охрид

СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против (22) годишен жител од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полово вознемирување“ по член 190-а став 2 од Кривичниот законик. На 05.04.2025 во Охрид, пријавениот се доближил до две девојчиња од 11 и 13 години и со гестикулации со раце симулирал полов однос и ги вознемирувал.