АктуелноОхрид

(ФОТО) Сообраќајка на патот Охрид-Битола кај превојот Буково, сообраќајот во прекин

Попладнево на патниот правец Охрид – Битола, кај превојот Буково, се случила сообраќајна несреќа поради која моментално патот не е прооден. Формирана е голема колона на возила, а сообраќајот е во застој.

Во сообраќајката учествувале две возила.

Засега нема информации за повредени лица.

Возачите се повикуваат на трпение и внимателност додека се чека интервенција на надлежните служби.

 

4news.mk