АктуелноОхрид

Кривична пријава за 20 и 18 годишни Охриѓани кои ограбиле киоск

На 04.04.2025 од страна полициски службеници од СВР Охрид бил извршен претрес по претходна судска наредба во домовите на (20) и (18) годишни Охриѓани, поради постоење основи на сомнение дека со употреба на сила и погоден алат извршиле кривично дело тешка кражба од киоск. При претресите се пронајдени и одземени производите кои ги одзеле. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.