Семејството на охриѓанката Наташа Совраноски, 25-годишната жена и мајка на едногодишно девојче, која 25 дена откако исчезна беше пронајдена убиена во шума во Германија, се’ уште ја чека правдата, за настанот кој се случи во септември, минатата година.
Во времето додека се трагаше по младата жена, со македонски корени, чиј татко Милчо живее во Охрид, апелот за нејзиното исчезнување се споделуваше и во Македонија, во надеж дека евентуално, можеби таа дошла во земјава, јави Фокус.
Откако потрагата заврши со лош крај, односно телото на Наташа беше пронајдено во шума, во германскиот полициски билтен се објави веста дека се истражувало дали се работи за убиство. Исто така, од таму соопштија дека бил притворен 45-годишен маж, кој бил осомничен за убиство од небрежност.
Како што за „Фокус“ изјави нејзиниот татко Милчо Совраноски, станувало збор за партнерот на Наташа, Германец по потекло, со кого таа живеела во вонбрачна заедница и имале заедничка ќерка. Тој појаснуваше дека парот имал проблеми и несогласувања, тој бил невработен и единствено Наташа заработувала за семејството.
Комплетната информација ОВДЕ
