На 22.03.2025 во 23:55 часот, во угостителски објект во Кичево лишен е од слобода сопственикот (25). По претходна пријава дека во објектот има музика за време на прогласена седумдневна жалост, полициски службеници извршија контрола во објектот и констатираа дека сопственикот не се придржува и не ја почитува одлуката на Владата за прогласена седумдневна жалост на територијата на цела држава. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен сопственикот на угостителски објект во Кичево – пуштал музика во денови на жалост
Редакцијамарт 23, 2025
posted on














