АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана кај лице од Албанија со привремен престој во Кичево

На 12.03.2025 во 18.20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода  лице на (32) од Република Албанија, со привремен престој во Кичево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.