После 38 години работен стаж во ЈП Охридски Комуналец Охрид, дисциплинирано, принципиелно и многу позитивно, нашиот колега Селман Кадри заминува во пензија. До денес наш колега, а од утре пензионер, другар, пријател.
“По доста време напорна работа, конечно ќе имаш малку време и за себе. Среќни сме за тебе, веруваме дека и понатака ќе зрачиш со својата енергија разубавувајќи го нашиот град со твоите прекрасни, уметнички ремек дела исткаени од најобични грмушки и зеленило па до најубави фигури кои ги фасцинираат граѓаните и посетителите на нашиот град.“
Нашето претпријатие му посакува среќни пензионерски денови, исполнети со здравје, среќа, радост, да биде секогаш позитивeн и насмеан како со своите најблиски така и со пријателите и сите оние кои му значат во животот.
