На 12.03.2025 во 07.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево го лишија од слобода лице на (30) од Кичево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
