АктуелноОхрид

Приведен охриѓанец кој агресивно се однесувал кон постаро лице а потоа нападнал полициски службеник

На 11.03.2025 во 19.49 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода  лице на (44)г.  од Охрид кој претходно, во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Охрид агресивно се однесувал кон  лице на (76) од Охрид, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

 

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.