АктуелноОхрид

Охридската каратистка Анастасија Смилевска освои златен медал на „Гранд при Македонија“

На меѓународниот карате турнир „Grand Prix Macedonia“, кој се одржа на 9 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, учествуваа околу 1000 натпреварувачи од Македонија и повеќе соседни земји, меѓу кои Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Грција.

Овој престижен натпревар собра врвни каратисти кои се натпреваруваа во различни категории, а меѓу нив особено се истакна охридската каратистка Анастасија Смилевска, членка на карате клубот „Кун-су-то“.

Анастасија се натпреваруваше во категоријата кадетки до 61 килограм и покажа исклучителна борбеност и вештина, освојувајќи го златниот медал. На патот до победата, таа успеа да совлада силни противнички од Македонија, Србија и Бугарија, демонстрирајќи техничка подготвеност, тактичка прецизност и спортски дух.

 

 

gladiatorvesti.mk