АктуелноОхрид

Приведено 36 годишно лице од Струга затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници

На 04.03.2025 во 08.30 часот на улица „Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа (36) годишно лице од Струга затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.