Пливачите од „Акваспирит“ со одлични резултати се вратија од „Нептун куп“ 2025, кој се одржа во базенот „Борис Трајковски“ во Скопје.
– Спортски викенд полн со позитивна енергија, натпреварувачки дух, забава, дружба. Нашиот клуб зеде учество и на овогодинешното четврто издание по ред на меѓународниот пливачки митинг „Нептун куп“ 2025 во Скопје. Големо браво за нашите деца кои постигнаа одлични резултати и ги подобрија своите најдобри лични времиња, а воедно и честитики за нашиот искусен член Милан Китевски кој во тесна и возбудлива трка освои трето место во дисциплината 50 метри градно, информираат од „Акваспирит“.
Додаваат дека се горди на Анастасија, Лина, Ана, Ведран, Атанас, Симеон, Дамир, Петар и дека продолжуваат понатаму со нови сили во нови победи. (Крај)
извор: ОхридПрес
